Филипче: Бараме одговорност за Стоилковиќ, ќе поднесеме интерпелација

На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација

Zito baner

-Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација за Стоилковиќ, штом почне Собранието со работа, во септември, рече Филипче.

Agria

Тој посочи дека однесувањето на Стоилковиќ е недозволиво и дека во демократски институции нема место за насилство и закани.

-Собранието воопшто не се почитува, ниту пак ја врши функцијата така како што треба, рече Филипче.

Најавиме и ќе ја поднесеме и интрепелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш кога ќе почне со работа Собранието.

СДСМ ќе продолжи со сите демократски и парламентарни механизми за заштита на достоинството на Собранието и за обезбедување одговорност од носителите на јавни функции, велат од партијата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: