Матурантите со просек 3,66 на јунската матура

Drzavna matura 3

Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, Министерството за образование и наука ги објави конечните резултати од јунската матурска сесија, по завршувањето на постапката за приговори.

Zito baner

Просечната оценка од трите типа матура годинава изнесува 3,66. Кај државната матура просекот е 3,62, кај државната стручна матура 3,91, додека кај државната уметничка матура просечната оценка е 3,59.

Agria

Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека резултатите се задоволителни и речиси на исто ниво со минатогодишниот просек од 3,69. Во однос на 2024 година, кога просекот изнесуваше 3,26, годинашниот резултат е повисок.

Во јунската сесија за полагање на екстерните испити биле пријавени 14.587 ученици кои го завршиле средното образование во учебната 2025/2026 година. Од нив, 12.184 ученици полагале државна матура, 2.276 државна стручна матура, а 127 ученици државна уметничка матура.

На испитите не се појавиле 348 пријавени ученици, што претставува 2,39 отсто од вкупниот број кандидати. Оваа година за првпат матурантите имаа можност да полагаат три типа матурски испит – државна, државна стручна и државна уметничка матура. Најголем интерес имало за англискиот јазик, кој го избрале 13.208 ученици. Во зависност од типот на матурата, учениците можеле да изберат и математика, француски, германски, руски и италијански јазик, а кај уметничката матура и историја.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: