34 години од формирањето на Армијата, одбележување во Скопје и Штип

Со повеќе активности во Скопје и Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата на Република Северна Македонија.

Zito baner

Централното одбележување ќе се одржи во касарната „Илинден“ во Скопје. Во 19 часот единицата на Артилерискиот баталјон ќе изведе почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе биде изведена пробна стрелба со еден плотун од шест орудија.

Agria

Роденденот на Армијата ќе биде одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде што ќе биде одржана смотра на Вториот пешадиски баталјон и други армиски единици.

На одбележувањето во Штип, според најавите од Генералштабот, ќе присуствуваат претставници од повисоката команда на Армијата, градоначалници, директори и раководители на јавни претпријатија и установи, како и претставници на верските заедници.

За Ден на Армијата е избран 18 август, датумот на кој во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, кој се смета за првата организирана воена формација на Народноослободителната војска на Македонија.

Формирањето на современата македонска Армија започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, заедно со раководството на ЈНА, го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: