Волонтерите на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Велес денеска повторно спроведуваат превентивна активност на терен поради високите температури.
Членовите на Клубот на млади на граѓаните во Велес им делеа флаширана вода и информативни материјали со препораки за заштита од топлотниот бран.
Од Црвениот крст потсетуваат дека во периодот на високи температури особено е важно граѓаните да внесуваат доволно течности, да избегнуваат директна изложеност на сонце и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот.

Апелираат и на поголема грижа за најблиските, особено во услови на екстремно високи температури.
Црвениот крст најавува продолжување на активностите на терен, со цел информирање, превенција и заштита на населението од последиците од топлотниот бран.

























