Четврта година по ред, „Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia“ организира целосно БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви по математика и информатика за ученици од IV одделение до средно образование, од цела Македонија.
Годинава програмата е уште поширока – од ученици кои ги прават своите први чекори во математиката и C++, преку подготовка за натпревари, па сè до напредни програми за талентирани ученици кои сакаат да зачекорат по олимпискиот пат.
Целта е едноставна, но важна: талентот да биде препознаен навреме и секое мотивирано дете да добие можност да учи и напредува, без разлика каде живее и какви се финансиските можности на неговото семејство.
Новина оваа година се и завршните натпревари по математика и информатика. За освоено прво, второ и трето место се предвидени вредни награди – лаптопи, таблети, паметни часовници и друго.
„Идниот македонски олимпијец можеби денес е дете кое само ја чека својата прва вистинска можност. Наша цел е да му ја дадеме. Да не дозволиме талентот да остане незабележан само затоа што детето немало пристап до дополнителна едукација.“






















