Анализа на „Пари“: Увезовме храна за 8 милијарди евра, извезовме за 3,2 милијарди

Македонија и натаму важи за земјоделска земја, но домашното производство не успева да ги задоволи потребите за храна. Според анализа на порталот „Пари“, направена со податоци од Државниот завод за статистика, во изминатата деценија земјава потрошила речиси 8 милијарди евра за увоз на храна, додека извозот во истиот период изнесувал околу 3,2 милијарди евра.

Zito baner

Анализата на „Пари“ покажува дека во десет години Македонија увезла безмалку 6,2 милијарди килограми храна, додека извезла околу 1,9 милијарди килограми. Иако земјоделството традиционално има значајно место во македонскиот извоз, домашната побарувачка во голема мера се задоволува со производи од странство.

Agria

Во изминатите години државата издвојуваше значителни средства за субвенции за земјоделците, но земјоделскиот сектор и натаму се соочува со низа проблеми. Се празнат селата, земјоделците се соочуваат со проблеми со пласманот, а секоја година има незадоволство поради откупот и цените на земјоделските производи.

Според „Пари“, сепак, не може да се занемари развојот на одредени сегменти. Во земјава се зајакна конзервната индустрија, со повеќе капацитети за производство на ајвар и друга зимница, а се зголеми и бројот на мали винарници.

Најголема зависност од увозот, според анализата, има кај производите од сточарството. Домашното производство на јунешко месо е недоволно, свинското производство не ги задоволува потребите, а месната индустрија увезува месо за производство на салами и други производи.

Недоволно е и домашното производство на млеко и млечни производи, а на македонскиот пазар се увезуваат и брашно, масло за јадење и други прехранбени производи. Податоците што ги обработува „Пари“ покажуваат значителен трговски јаз во храната – речиси 8 милијарди евра потрошени за увоз, наспроти 3,2 милијарди евра остварени од извозот во период од десет години.

Анализата го отвора прашањето колку македонското земјоделство навистина успева да ги искористи домашните потенцијали и зошто, и покрај долгогодишните субвенции и земјоделската традиција, земјава останува во голема мера зависна од увоз на храна.

Целата анализа на порталот  https://pari.com.mk/  можете да ја прочитате на овој линк, https://pari.com.mk/ekskluzivno-kolku-pari-dadovme/.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: