Минималната кошница близу 70.000 денари, со кирија потребни речиси 85.000

Potrosuvacka kosnica

Близу 70.000 денари му се потребни на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните трошоци за живот во септември. Тоа е зголемување од речиси 800 денари во однос на август, покажуваат најновите пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Доколку во пресметката се вклучи и трошокот за изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималната кошница достигнува речиси 85.000 денари месечно.

Zito baner

Најголемиот дел од семејниот буџет, околу 25.000 денари, се одвојува за храна и пијалаци. За образование се потребни околу 7.000 денари, додека за станарина, вода, електрична енергија и греење се предвидени 6.379 денари.

Agria

Според ССМ, овие податоци покажуваат дека за покривање на основните животни потреби се потребни месечни примања кои го надминуваат износот на актуелната просечна плата во државата.

Од ССМ повторно го актуелизираат барањето минималната плата да достигне 600 евра, што, според нив, би овозможило подобро покривање на трошоците за живот.

 


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: