Гемиџии со двојна програма викендов

Ракометниот клуб „Гемиџии“ викендов го очекува двојна програма, со натпревари на кадетската и пионерската екипа.

Zito baner

Најпрво, во сабота од 13 часот во спортската сала на ООУ Блаже Конески, кадетите на „Гемиџии“ ќе го пречекаат составот на „Куманово“. Велешани ќе имаат можност да се рехабилитираат за поразот во првото коло, кога на гостински терен загубија од „Македонија Ѓорче Петров“ со 34:31.

Agria

Во недела, пак, стартуваат возбудувањата во пионерската лига. Пионерите на „Гемиџии“ ќе гостуваат во Автокоманда, каде ќе се соочат со екипата на „Мулти Есенс“. Натпреварот е закажан за 12 часот.

Двојниот викенд ќе биде можност за велешкиот клуб да забележи добри резултати во двете младински конкуренции.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: