Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат за денеска метеоролозите. Во југоисточните делови од земјата ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе биде од 1 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 26 степени.
Во Велес, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 8 степени наутро до 25 во текот на денот.





















