Викендов започна новата сезона во Пингпонгарската Супер лига на Македонија, а меѓу екипите кои се натпреваруваат е и велешкиот Борец Тим. Велешани не успеаја со победа да ја започнат сезоната, откако во првото коло беа поразени од екипата на Крива Паланка со 4:1.
Единствениот поен за Борец Тим го освои Александар Марков, кој во својот меч беше подобар од Јорданчо Манев.
Во следното коло на 18 октомври велешкиот тим го очекува нов предизвик против Младост 96, екипа која во првото коло славеше над Астраион со 4:2, додека во третото коло силите ќе ги одмери против Шампион ФА.
Борец Тим ќе има можност да стигне до првата победа во сезоната и да ги запише првите бодови во Супер лигата.






















