Државната и синдикалната потрошувачка кошница се разликуваат за над 10 илјади денари

Potrosuvacka kosnica

На едно четиричлено семејство во август му биле потребни 58.475 денари за покривање на основните потреби, според минималната потрошувачка кошница на Министерството за економија. Но, пресметката на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) покажува дека за истиот месец на едно семејство му биле потребни дури 68.675 денари, што е разлика од 10.200 денари.

Zito baner

Според податоците објавени од Министерството за економија, од вкупните 58.475 денари, за храна и пијалаци биле потребни 21.132 денари, а за здравствени услуги 1.429 денари.

Agria

Министерот за економија Бесар Дурмиши на прес-конференција објасни дека потрошувачката кошница е пресметана врз основа на податоци од релевантни институции. Според него, вкупните минимални трошоци во август, во споредба со јули, се зголемиле за само 29 денари, додека трошоците за храна и пијалаци се намалиле за 255 денари.

Сепак, во споредба со јануари, кога минималната потрошувачка кошница изнесувала 56.381 денар, августовската вредност е повисока за 2.094 денари, односно за околу 3,7 отсто. Од друга страна, синдикалната потрошувачка кошница за август изнесувала 68.675 денари. Според пресметките на ССМ, најголем дел од средствата биле потребни за храна и пијалаци – 25.032 денари.

За образование биле потребни 7.192 денари, за облека и обувки 6.511 денари, а за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.370 денари. Трошоците за транспорт изнесувале 5.175 денари, за ресторани и хотели 4.131 денар, а за комуникации 3.677 денари. За хигиена биле потребни 2.692 денари, додека за здравје биле издвоени 1.196 денари.

Разликата од 10.200 денари меѓу двете пресметки отвора прашање колку реално ги отсликуваат месечните трошоци на едно четиричлено семејство и колкав буџет им е потребен на граѓаните за да ги покријат основните животни потреби.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: