Велешанецот Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата, наведувајќи лични причини за одлуката. Во оставката тој му се заблагодарува на премиерот Христијан Мицкоски за укажаната доверба и за досегашната соработка.

Zito baner

„Ви изразувам искрена благодарност за укажаната доверба, досегашната поддршка и соработката во текот на извршувањето на мојата функција. За мене беше чест и одговорност да бидам дел од Владата и да придонесувам кон унапредувањето на здравствениот систем.

Agria

На претседателот на Владата и на сите членови на Владата им посакувам успех во понатамошната работа и во остварувањето на заложбите за подобро здравство и поквалитетен живот на граѓаните“, наведува Андовски во оставката.

Тој ја извршуваше функцијата заменик-министер за здравство од почетокот на мандатот на Владата предводена од Мицкоски. Во тој период на чело на Министерството за здравство се сменија тројца министри – Арбен Таравари, Азир Алиу и Сашо Клековски.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: