Инцидент на фудбалски натпревар во селото Раштани, велешко. Двајца навивачи на ФК „Бузалково“ физички нападнале тројца играчи на ФК „Тополка“ од Превалец, на крајот од натпреварот меѓу двете екипи.
Според информациите од СВР Велес, настанот бил пријавен на 1 ноември во 15 часот. Двајцата навивачи влегле на теренот и ги нападнале фудбалерите на гостинската екипа.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.




















