Сите банки во Македонија најавуваат технички прилагодувања викендов, можни се прекини во плаќањата

platezna-karticka

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат понеделник, 9 ноември. За време на спроведувањето на активностите, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во платежните трансакции. Привремената недостапност ќе биде поврзана со овие однапред планирани системски прилагодувања.

Zito baner

Како што појаснуваат од Асоцијацијата, активностите се надоврзуваат на претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта на плаќањето и користењето на платежните сметки во ИБАН-формат.

Agria

– Целта на системските прилагодувања е да се овозможи непречена примена на овие промени во секојдневното користење на платежните услуги. За време на спроведувањето на техничките активности, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во платежните трансакции. Привремената недостапност ќе биде поврзана со овие однапред планирани системски прилагодувања. Точните термини на активностите, услугите што ќе бидат опфатени и очекуваното времетраење на ограничувањата ќе бидат наведени во поединечните известувања на банките до своите клиенти – се вели во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Оттаму ги повикуваат граѓаните и компаниите редовно да ги следат официјалните комуникациски канали на својата банка и, доколку имаат плаќања што треба да ги извршат во овој период, да ги планираат навреме, согласно објавените информации.

Посочуваат дека постојните броеви на платежните сметки не се менуваат, а приспособувањето на нејзиниот приказ и користење на сметките во ИБАН-формат во електронското и мобилното банкарство ќе го направат банките.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: