Рекордни 550 учесници на третото издание на „Велес трча 2026“, од кои 400 деца

Велес во недела, 8 ноември, ќе биде во знакот на атлетиката и спортот. По повод 9 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, Атлетскиот клуб „Борец“ – Велес го организира третото издание на атлетската манифестација „Велес трча 2026“, која годинава бележи рекорден интерес со пријавени 550 учесници.

Zito baner

Посебно внимание и оваа година е посветено на најмладите. Од вкупниот број пријавени, дури 400 деца ќе учествуваат во детската трка, со што организаторите сакаат да ја поттикнат љубовта кон спортот и атлетиката, како и да ги промовираат здравите животни навики уште од најрана возраст.

Agria

Програмата предвидува детска трка и трка на 5 километри, а учесниците ќе трчаат на новата тартан патека на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ и низ патеките во Градскиот парк.

Од Атлетскиот клуб „Борец“ – Велес истакнуваат дека рекордниот број пријавени претставува потврда за сè поголемиот интерес за атлетиката и спортските активности во градот.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: