ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

telefoni, roaming

Европската комисија ги започна преговорите со шесте партнери од Западен Балкан за нивно вклучување во европската шема „Роаминг како дома“, со која на граѓаните ќе им се овозможи да ги користат мобилните услуги во ЕУ без дополнителни трошоци за роаминг, соопшти Европската комисија.

Zito baner

Преговорите ги опфаќаат Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Иницијативата ја најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на регионот во октомври.

Agria

По приклучувањето кон шемата, граѓаните на земјите од Западен Балкан ќе можат да остваруваат телефонски разговори, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилен интернет во земјите на ЕУ според условите на нивните домашни претплатнички пакети. Истите правила ќе важат и за европските граѓани кои патуваат во регионот.

За проширување на шемата потребно е склучување поединечни договори со секоја од земјите, како и целосно усогласување на нивното национално законодавство со правилата на ЕУ за роаминг, по што Европската комисија ќе побара од Советот на ЕУ да го одобри нивното вклучување во заедничкиот систем.

Советот на ЕУ уште во јуни 2026 година даде зелено светло за почеток на овие преговори.

Европската комисија засега не наведе рок за завршување на преговорите ниту конкретен датум од кој ќе почне да важи укинувањето на дополнителните трошоци. Се очекува идните договори да бидат поврзани со постојните договори за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјите од регионот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: