По минатонеделното освојување на меѓународниот одбојкарски турнир во Куманово, организиран по повод Денот на градот, пионерките на Виола Волеј продолжуваат со одличните настапи.
На денешниот турнир во Тетово, велешките одбојкарки остварија две убедливи победи, совладувајќи ги екипите на Те Волеј – Тетово и Тиквеш Волеј со максимални 2:0 во сетови.
Со одлична игра, борбеност и тимски дух, младите одбојкарки уште еднаш покажаа дека трудот, посветеноста и заедништвото се вистинскиот пат до успехот. Успешната серија е уште една потврда за квалитетната работа и напредокот на младите одбојкарки на Виола Волеј.



















