32-годишен жител на Чашка бил лишен од слобода откако полицијата констатирала дека управувал автомобил без претходно да се стекне со право на управување.
На 11 ноември, во 12:50 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка при сообраќајна контрола на улицата „Коле Неделковски“ сопреле патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М. (32) од Чашка.
При извршените проверки било утврдено дека возачот управувал со возилото без да поседува возачко право.
По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




















