Вероника Гавровска ја освои Гран-при наградата на 59. Детски Рацинови средби

Во чест на великанот на македонската литература, Коста Солев Рацин, и годинава се одржаа Детските Рацинови средби. Во салата „Бели Мугри“ при Локалната библиотека „Гоце Делчев“, по 59-ти пат се собраа млади поети од повеќе градови во државата и талентирани ликовни уметници, кои ги претставија своите творби на поетскиот и ликовниот конкурс.

Zito baner

Поетскиот конкурс беше на тема „Моето и Рациновото подобро утре“, додека ликовните творби беа инспирирани од темата „Рацин и неговите стихови преточени во слика“.

Agria

Гран-при наградата на 59. Детски Рацинови средби ја освои Вероника Гавровска, ученичка во осмо одделение во ООУ „Гоце Делчев“ од Босилово, под менторство на Весна Тилева.

Во салата „Бели Мугри“, исполнета со емоции, восхит и почит кон ликот и делото на големиот Рацин, одекнуваа стихови посветени на љубовта кон македонскиот јазик и литература.

Над 100 ученици од сите краишта на Македонија како и од странство учествуваа со своите поетски и ликовни творби, продолжувајќи ја традицијата на манифестацијата која ги поттикнува најмладите да творат и да го негуваат македонскиот литературен збор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: