Одбојкарките на ГОК Борец забележаа убедлива победа на гостувањето во Тетово, откако во рамки на 5. коло од Втората одбојкарска лига за жени ја совладаа екипата на Бами Кор со максимални 0:3 во сетови.
Велешанки уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра и заслужено стигнаа до трите бода. Првиот сет го добија со 19:25, во вториот беа уште поубедливи (10:25), додека во третиот славеа со 21:25 за конечни 0:3.
Со оваа победа Борец се искачи на третата позиција на табелата со биланс од четири победи и еден пораз, односно 11 освоени бода. Велешките одбојкарки продолжуваат со одличните настапи и потврдуваат дека ќе бидат сериозен конкурент во борбата за врвот на табелата.



















