Прв пораз на Раштани во Општинската фудбалска лига Велес

Екипата на Раштани го претрпе првиот пораз во првенството на Општинската фудбалска лига Велес, откако на гостувањето кај Локомотива во Градско загуби со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Роберто Трипчев во 43. минута.

Zito baner

На останатите натпревари од лигата беа забележани интересни резултати, со вкупно 14 постигнати голови на петте средби.

Agria

ФК Плавник 2026 славеше на гостувањето кај ФК Согле со 2:1. Муртезани Бесник го отвори резултатот во 23. минута, а Рушидов Иса израмни за Согле во 29. минута. Победата на Плавник му ја донесе Мемедов Армен со погодок во 55. минута.

Убедлива победа оствари 3Г ФК Врановци, кој со 4:2 го совлада ФК Младост 1976. За победничкиот тим Ахмедов Имран погоди во 23. минута, Биба Албан беше прецизен во 39. и 88. минута, а Еминов Елмир во 46. минута. Двата гола за Младост ги постигна Јавашев Николчe во 40. и 58. минута.

Без победник заврши и дуелот меѓу Бузалково и Форца Нова (1:1). Бузалково дојде до водство во 33. минута со автоголот на Бране Петроски, додека Форца Нова израмни во 71. минута преку Лука Ристов.

Реми со четири гола беше одиграно и на натпреварот меѓу Тополка и Горски (2:2). Тополка поведе со голот на Един Ајра во 49. минута, а Далибор Стефановски израмни во 54. минута. Тино Велкоски во 86. минута донесе ново водство за Тополка, но Андреј Миткоски во 89. минута ги постави конечните 2:2.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: