Филипче за насилството во Охрид: Бара одговорност и тврди дека имало обид случајот да се заташка поради врски со ВМРО

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше по случајот со физичкиот напад врз младата Сара во Охрид, изразувајќи загриженост од насилството и поддршка за девојката и нејзиното семејство.

Zito baner

Филипче во објава на социјалните мрежи посочи дека е особено потресен од сведоштвото на мајката на Сара, која, според него, тврдела дека имало обид случајот да се заташка поради наводни врски со ВМРО.

Agria

Тој побара одговорност од сите кои учествувале во насилството, но и од оние кои евентуално помогнале или се обиделе да го прикријат случајот.

„До кога неказнивост за насилниците? До кога заштита на насилници и тепачи? До кога институционални пропусти? До кога заташкување?“, праша Филипче во својата реакција.

Тој изрази целосна поддршка за Сара и нејзиното семејство, посочувајќи дека младата девојка заслужува сигурност, заштита и мирно закрепнување.

„Барам одговорност за секој што извршил, помогнал или го прикривал насилството“, порача Филипче, додавајќи дека, како што наведува, нема да отстапат пред насилството и неказнивоста.

Во претходно објавените информации за случајот во Охрид, 31-годишен маж беше осомничен за нанесување тешки телесни повреди на 26-годишна девојка, по што беше поднесена кривична пријава против него.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: