62-годишен жител на Велес починал во патничко возило „Сузуки“ со велешки регистарски ознаки, на улицата „8 Септември“ во Велес.
Според информациите од СВР Велес, случајот бил пријавен вчера (16 ноември) околу 17 часот, откако претходно било пријавено дека на мажот му се слошило.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.



















