Министерката за образование и наука Весна Јаневска изврши увид во завршните градежни активности за темелната реконструкција на објектот, инвестиција вредна 10 милиони евра.
„Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде вториот целосно обновен студентски дом, по „Стив Наумов“, кој беше отворен пред два месеца и има капацитет за 1.150 студенти.

Јаневска информираше дека реконструкцијата е дел од поширок проект за обнова на девет државни студентски домови и шест училишта со ресурсни центри. За реализација на проектот се обезбедени 86 милиони евра, од кои 60 милиони се заем од Германската развојна банка, 22 милиони евра се неповратни средства од Европската Унија, а четири милиони евра се од државниот буџет.
Министерката очекува обновениот дом да им обезбеди на студентите подобри услови за живеење и студирање, со современа опрема и повисоки стандарди за енергетска ефикасност.




















