Андреја Весов едногласно избран за претседател на Општинската организација на ЗНАМ во Велес

М-р Андреја Весов е едногласно избран за претседател на Општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Велес, на Општинската изборна конференција што се одржа на 18 ноември во хотелот „Интернационал палас“.

Zito baner

На конференцијата, покрај изборот на нов претседател, бил избран и новиот состав на Извршниот и Надзорниот одбор на општинската организација.

Agria

На настанот присуствувале потпретседателот на Движењето ЗНАМ и пратеник во Собранието, генерал Павле Арсоски, потпретседателот и министер за земјоделие, водостопанство и шумарство Борче Серафимовски, претседавачот на Централниот одбор Игор Филков, заменик-министерот Радослав Настасијевиќ Варџиски, како и членови и претставници на партиските органи.

Од Движењето ЗНАМ оценуваат дека изборот на новото раководство претставува важен чекор кон јакнење на општинската организација во Велес, со најави за посветена и одговорна работа, заедништво и поголема присутност меѓу граѓаните.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: