Сè помалку деца во македонските домови: Просечниот број паднал од 0,80 на 0,60

veles dron Januari 2024

Од вкупно 595.600 регистрирани домаќинства, 393.400 биле без деца, додека во 202.200 живееле издржувани деца. И покрај тоа, Македонија има поголем удел на домаќинства со деца од просекот во Европската Унија, каде што нивниот удел изнесува 23,3 проценти, наспроти 33,9 проценти кај нас.

Zito baner

Просечниот број деца по домаќинство во Македонија изнесувал 0,60, што е значително помалку од 0,80 во 2015 година. Истовремено, македонските домаќинства се поголеми од европските – во нив живеат просечно меѓу 3,1 и 3,2 лица, додека просекот во ЕУ е околу 2,3 члена.

Agria

Во Европската Унија продолжува намалувањето на домаќинствата со деца. Нивниот удел се спуштил од 26,9 проценти во 2010 година на 23,3 проценти во 2025 година. Наспроти тоа, расте бројот на домаќинства во кои живее само едно возрасно лице без деца – од 33,6 проценти во 2015 година на 37,5 проценти во 2025 година.

Зад ваквиот тренд можат да стојат повеќе фактори, меѓу кои економската несигурност, ниските примања, високите трошоци за живот и сè потешкото решавање на станбеното прашање. За многу млади парови купувањето сопствен стан или куќа станува сè подалечна цел, а неизвесноста околу работните места и финансиската стабилност често го одложува планирањето семејство. Дополнително, променетиот начин на живот, подоцнежното стапување во брак и одлуката за помал број деца се дел од пошироките општествени промени кои влијаат врз демографската слика во земјата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: