Облачно со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините снег, најавува временската прогноза за денеска. Локално врнежите ќе бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа.

Zito baner

Попладне, со продор на постуден воздух од север, на некои повисоки места дождот ќе премине во снег. Ќе дува умерен северен ветер, кој во североисточните делови и долж Повардарието повремено ќе биде засилен до силен.

Agria

Минималната температура ќе се движи од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Велес, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови дождот да премине во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од велешката котлина повремено засилен ветер од северен правец.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: