Утре со почеток од 13 часот, во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“ во Велес, младите ракометари на Гемиџии ќе го одиграат својот последен натпревар од дебитантската сезона.
Противник на велешани ќе биде силната екипа на Алкалоид, која според моменталната состојба на табелата важи за фаворит во овој дуел. Сепак, домашниот состав ќе има мотив плус да се претстави во најдобро светло пред својата публика и да ја заокружи сезоната со достоинствен настап.
Гемиџии во пресрет на последното коло се наоѓаат на седмата позиција со учинок од 5 победи, 1 нерешен резултат и 9 порази – солиден биланс за тим кој ја има својата прва сезона во ова натпреварување.
Правдата на натпреварот ќе ја делат велешките судии Пепи Димков и Марјан Неделковски.


















