Борец 1919 го доби дербито со Превалец, титулата веќе на дофат

Она што требаше да биде дерби за шампионската круна во Третата фудбалска лига – Југ, се претвори во вистинска демонстрација на сила на Борец 1919. Велешани на гостински терен го декласираа директниот конкурент Превалец со убедливи 0:4 и направија огромен чекор кон освојување на првото место.

Борец уште од самиот старт покажа дека нема намера да калкулира. Стефан Филиповски го отвори резултатот уште во 6. минута, а само четири минути подоцна Марко Миловановиќ зголеми на 0:2. Прашањето на победникот беше практично решено уште во првиот дел, а во второто полувреме Миловановиќ со својот втор гол во 65. минута дополнително ја потврди доминацијата. Конечните 0:4 ги постави Даниел Иванов во 82. минута. Со оваа убедлива победа, Борец 1919 сега има 55 бода, додека Превалец останува на 49, на само четири кола до крајот – разлика која тешко дека ќе биде достижна.

Agria

Во останатите натпревари, изненадување приреди Тополка, која славеше на гости кај Питу Гули со 1:3. Оливер Велевски беше стрелец за домаќините во 36. минута, но Тополка возврати преку Ангел Гаштев (22′, 89′) и Лука Северов (26′), со што се искачи на 9. позиција со 18 бода.

Сигурен настап имаше и Башкими, кој на домашен терен го совлада Ултрас со 3:1. Антонио Китановски (75′), Кадир Арифов (85′) и Енис Јахја (90+3′) беа стрелци за домаќините, додека единствениот гол за гостите го постигна Давор Ристески во 55. минута.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: