Генералштабот на Армијата ќе информира за отпочнувањето на активностите за вежбата „Блесок 26“

vojska

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и директорот на националната вежба „Блесок 26“, полковник Игор Арсовски, денеска во Генералштабот на Армијата ќе информираат за отпочнувањето на активностите за вежбата.

Zito baner

Вежбата ќе се одржи од 19 до 27 април и ќе се спроведе на повеќе локации, вклучувајќи ги: армискиот полигон „Криволак“, касарните „Јане Сандански“ во Штип, „Мирче Ацев“ во Прилеп и „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.

Agria

Од Канцеларијата за воени односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека вежбата е продолжение од серијалот вежби „Македонски Блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата.

Главна цел на вежбата е  да се изврши оценување на борбените способности на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), како и нејзината подготвеност за извршување на оперативни задачи во реални услови.

Ова, како што се посочува, ја прави вежбата „Блесок 26“ и оценувањето на ЛПБГ еден од врвните армиски и национални приоритети за годинава.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: