Минималната кошница расте, платите не ја стигнуваат реалноста

Kam Market

Животот во Македонија станува сѐ поскап, а синдикалната минимална кошница продолжува да расте со темпо кое сериозно го оптоварува домашниот буџет. Во април 2026 година, нејзината вредност достигна 68.797 денари, што е зголемување од 979 денари во споредба со март, кога изнесуваше 67.818 денари информираше Сојузот на синдикати на Македонија.

Ако се погледне пошироката слика, растот е уште позагрижувачки. За само четири месеци, од јануари до април, минималната кошница е зголемена за вкупно 3.305 денари. Овој континуиран раст јасно укажува дека трошоците за живот не запираат, туку напротив – добиваат на интензитет.

Agria

Најголемиот дел од буџетот и понатаму оди за основни потреби. За храна и пијалаци се издвојуваат 26.085 денари, што претставува 37,9 проценти од вкупните трошоци. Веднаш зад нив се образованието со 7.192 денари (10,5 проценти), како и трошоците за домување – струја, вода и греење – кои достигнуваат 6.338 денари (9,2 проценти).

Трошоците за лична и хигиена во домот изнесуваат 2.667 денари, за здравје 1.185 денари, додека најмал дел од буџетот – 1.100 денари или 1,6 проценти – се однесува на останати стоки и услуги.

Овие бројки испраќаат јасна порака: трошоците растат побрзо од приходите. Прашањето кое останува отворено е – до кога граѓаните ќе можат да го издржат овој економски притисок?

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: