Митева: Повлекувањето на СДСМ од работната група за Изборниот законик е политички незрел потег

„Ова е уште еден политички незрел потег и постапувањето на ваков начин не носи ништо добро во интерес на граѓаните, изјави денеска портпаролката на Владата Марија Митева, откако лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, најави дека партијата ќе се повлече од работната група за Изборниот законик.

Таа посочи дека институциите мора да бидат демократски, а владата на ВМРО-ДПМНЕ тоа го покажува во секојдневното работење, заради што, како што посочи, треба да се напуштаат моделите од минатото.

Agria

„Не можам да разберам како Филипче вчера кажа дека имаме пораст на гласовите, а денеска дека е против укинувањето на техничката влада, за која во минатото беа согласни дека треба да се укине“, рече Митева.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека укинувањето на техничката влада е автократски манир кој партијата нема да го прифати. На денешната прес-конференција во Собранието, тој кажа дека овој модел на владеење е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори и не смее да се укине.

Филипче рече дека во услови кога власта има целосна контрола врз судството и кога не е познато како се користат податоците од системот „Безбеден град“, не смее да се дозволи отстранување на механизмите за контрола. Тој потсети дека законот беше донесен во 2016 година, но во 2018 година беше вратен токму на барање на Христијан Мицкоски и по тој модел беа организирани парламентарните избори во 2020 година.

Според него, овој потег на актуелната влада е еднаков на начинот на владеење во периодот на Никола Груевски. Филипче најави дека доколку власта не го повлече решението и тоа помине на собраниската комисија, пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе престанат да учествуваат во работната група за изборниот закон.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: