Потпишан договор: Live Streaming Production повторно ќе го реализира преносот на Спортските игри Велес 2026

Со официјалното потпишување на договорот меѓу организаторите на Спортските игри Велес 2026 и продукциската куќа Live Streaming Production, најголемиот спортско-рекреативен настан во градот оваа година добива целосно нов медиумски лик – модерен, динамичен и достапен за публиката насекаде.

Zito baner

Преносот во живо ќе биде реализиран на високо продукциско ниво, со повеќе камери, студиска програма и репортери на терен.

Agria

Спортските игри Велес 2026 ќе се одржат од 1 до 6 јуни во Градскиот парк во Велес, а посетителите и учесниците ќе можат да уживаат во богата спортска програма со турнири во мал фудбал, баскет 3×3, одбојка на песок и тенис. Организаторите најавуваат и бројни дополнителни содржини, изненадувања и забавен дел за сите генерации.

„Особено сум горд што и оваа година успеавме да ја продолжиме соработката со тим кој зад себе има сериозно искуство, врвна организација и препознатлив професионален пристап. Верувам дека заедно повторно ќе создадеме спектакл каков што Велес заслужува. Нашата цел е секој натпревар, секоја емоција и секој момент од игрите да стигне до публиката – без разлика дали е во паркот или пред екраните,“ изјави директорот на Спортските игри, Љупчо Црвенпанов.

Од продукциската куќа Live Streaming Production најавуваат современ и динамичен медиумски пристап, со акцент на атмосферата, спортските возбудувања и интеракцијата со публиката.

„Голема чест и одговорност е што организаторите на Спортските игри повторно ни ја доверија реализацијата на овој значаен настан. Ќе вложиме максимум за преку врвна организација, динамична слика, квалитетен звук и присуство на репортери на терен да ја доловиме вистинската енергија на игрите. Финалниот ден ќе биде збогатен со студиска програма, интервјуа и анализи, со цел гледачите да добијат чувство како да се дел од самиот настан,“ изјави Иван Камчев од Live Streaming Production.

Live Streaming Production е веќе добро познато име на медиумската сцена, со реализирани преноси од Светскиот, Европскиот и Балканскиот куп во кајак, Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), натпревари од ракометната Суперлига, тениски и кошаркарски турнири, концерти, многу броекти, изработени видеа и бројни други значајни настани.

Дополнителна новост оваа година ќе биде Food Corner зоната со девет штандови за храна и пијалаци, како и посебна chill зона со lazy bags, видео-бим и простор за рекреација, забава и активности организирани од спонзорите.

Спортските игри 2026 добиваат и интернационален карактер. На турнирите ќе настапат три екипи во баскет од Република Турција, француски кошаркар кој ќе биде дел од македонска екипа, двајца шпански натпреварувачи во одбојка на песок, како и цел фудбалски клуб од Бурса, Турција. Учество ќе земат и екипи од Црна Гора, Србија и Албанија.

Спортските игри Велес 2026 се реализираат со поддршка од Државна видеолотарија, Казинос Аустриа, Општина Велес, Министерството за спорт, како и Групација Енмон – Иновација – квалитет на глобалниот пазар, компанија УНИ АГРО ДОО,  градежната компанија Делта Пром, Маркарт Македонија, Пододекор, М-Кеш, Интермаркет, MDN Freight, AVIRO и Chic Parfumes.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: