Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари

denari

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3  проценти, Рударство и вадење камен за 10,6 проценти и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9,4  проценти.

Agria

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за  5,7 проценти, Други услужни дејности за 5 проценти и Уметност, забава и рекреација за 4,6 проценти.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: