Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во југоисточните делови од земјата ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до 22 степени.
Во Велес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната до 22 степени.

















