Во рамките на 12 коло од Општинската фудбалска лига во Велес, љубителите на фудбалот уживаа во вистинска голеада, три натпревари, дури 18 постигнати голови. Најубедлив настап имаше екипата на Младост 1976, која со високи 6:1 го прегази составот на Врановци. Јавашев Николчe беше двоен стрелец, а во листата на стрелци се запишаа и Мишев, Велковски, Антонов и Анишќ. Со оваа убедлива победа, Младост го презема водството на табелата.
Сигурна беше и екипата на Форца Нова, која славеше со 1:4 на гостувањето кај Горски. Картинов блесна со два погодоци, а мрежата ја тресеа и Трајков и Петкоски, додека домаќините само еднаш возвратија преку Андов.
Во третиот натпревар, Локомотива 2018 одигра моќно и со 6:1 го совлада тимот на Раштани Спорт 2025. Усеинов постигна хет-трик, Шабаноски додаде два гола, а Кручмаров го заокружи убедливиот триумф. Слободна беше екипата на Согле
| 1 | МЛАДОСТ 1976 | 10 | 8 | 0 | 2 | 35/18 | 24 |
| 2 | ФОРЦА НОВА | 10 | 7 | 1 | 2 | 28/13 | 22 |
| 3 | ВРАНОВЦИ | 11 | 6 | 1 | 2 | 25/16 | 22 |
| 4 | ТИМ ЛОКОМОТИВА | 11 | 6 | 0 | 5 | 20/22 | 18 |
| 5 | СОГЛЕ | 10 | 3 | 1 | 6 | 12/19 | 10 |
| 6 | ГОРСКИ | 10 | 2 | 0 | 8 | 16/27 | 6 |
| 7 | РАШТАНИ СПОРТ | 10 | 1 | 1 | 7 | 8/26 | 4 |



















