360 степени: Уапсен е експретседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Muamed Sejdini FFM

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) е уапсен поранешниот претгседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, поради проневера на пари, дознава „360 степени“ од извори на истрагата.

Според првичните информации, Сејдини е осомничен дека проневерил околу 700 000 евра, средства што Европската фудбалска организација (УЕФА) ѝ ги доделила на ФФМ за градежни работи на стадионот во Охрид.

Agria

Акцијата, како што дознаваме, е спроведена во координација со надлежно Основно јавно обвинителство, пишува 360 степени.

Инаку, Фудбалската федерација на Македонија на 6 февруари годинава соопшти дека нејзината Дисциплинска комисија му изрекла казна на експретседателот Сејдини во врска со авансна исплата во износ од околу 700 000 евра кон фирма изведувач задолжена за изградба на трибина на охридскиот стадион „Билјанини извори“.

На Сејдини, како што информираа тогаш од ФФМ, му била изречена дисциплинска мерка забрана за вршење функција во траење од две години како делегат на Собранието на ФФМ, а поради сторено дејствие измама и доведување во заблуда орган на Фудбалската организација, согласно член 84 од Дисциплинскиот правилник.

„Утврдено е дека Одборот за итност на ФФМ на 27 ноември 2024 година донел одлука за прифаќање на понуда од ДПТУ ‘Енергоинвест трејд’ ДОО Скопје за изградба на трибина на стадионот ‘Билјанини извори’ во Охрид, во износ од 202 919 610 денари, без услов за авансно плаќање, и го овластил тогашниот претседател Муамед Сејдини да потпише договор согласно прифатената понуда. Спротивно на донесената одлука, Сејдини на 3 декември 2024 година, злоупотребувајќи ја својата положба, потпишал договор со вметнат услов за авансно плаќање од 20 проценти, што било извршено без обезбедена банкарска гаранција и без соодветно овластување“,

Муамед Сејдини беше на чело на ФФМ во два мандати од 2019 до 2025 година.

Извор: 360 степени

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: