Алкохол и тепачка во Велес: Двајца завршија во полициска станица

tepacka1

Двајца жители на Велес, на возраст од 25 и 53 години, биле приведени откако го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес.

Zito baner

Според информациите од полицискиот билтен, на 5 јули 2026 година во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Велес ги привеле С.С. (25) и С.П. (53), двајцата од Велес, поради нарушување на јавниот ред и мир.

Agria

При преземените мерки и извршените проверки било констатирано дека С.С. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,18 промили алкохол во крвта.

Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: