Чебрен повторно во фокусот: Владата разгледува самостојна изградба

cebren

Владата е на чекор на решение самата да го гради проектот Чебрен и Галиште. Ова денеска го кажа премиерот Христијан Мицкоски во мноштвото најави  на инфраструктурни проекти кои во идниот период ќе ги реализира власта – вредни над 10 милијарди евра. Премиерот  оценува дека оваа стратешка одлука ќе ја донесат после разговорите со раководството на ЕСМ.

Zito baner

Вели дека се блиску до одлуката да не се бара приватен партнер, а проектот ќе биде од стратешко значење биддејќи како што рече во регионот недостигаат два резервоари со питка вода, нешто што би се реализирало со проектот.
Исто така смета дека со него би требало да се реализира наводнувањето на Тиквешкото поле. Проектот би чинел една и пол милјарди евра со камати.

Agria

Проектот за централа на Црна река е стар три децении и ниту една влада не успеа да го реализира.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: