ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Zito baner

Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација.

Agria

Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото Кучково, во Велес кај селото Црквино, во Неготино кај селото Црвени Брегови и во Богданци кај селото Стојаково, каде горела претежно ниска и деградирана вегетација.

Пожари се изгаснати и во Струмица кај селото Добрејци, во Босилово кај селото Босилово, како и во Општина Василево, на потегот меѓу селата Чанаклија и Ѓечерлија, каде биле зафатени депонија и ниска вегетација.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: