Дејан Јованов излегува од притвор

Во сабота, Дејан Јованов Деко, првообвинет за смртта на 63 лица во дискотеката Пулс излегува од притвор. Судот на 3 октомври ќе одлучи какви мерки ќе донесе за обезбедување на неговото присуство на рочиштата.

Zito baner

Неговата одбрата најави дека ќе поднесе гаранција во имот од околу 200.000 евра, за јавноста да биде уверена дека тој нема да избега од Македонија, иако таа не е задолжителна, бидејќи законски Јованов максимумот што може да седи во притвор  е една година која истекува за три дена. Списите за гаранцијата се уште се во Јавното обвинителство на мислење, а без да бидат вратени во Кривичен, судот не може да одлучи по гаранцијата.

Agria

За судскиот процес Пулс, досега се одржани 49 рочишта и ниту едно не е одложено, информираа од Кривичниот суд. Изведени се над 1300 материјални докази и 45 сведоци.

Утре судскиот процес продолжува во нова фаза, со изведување докази на одбраната. За таа цел ќе сведочат дури 244 сведоци.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: