
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на одлуката од 29.7.2024 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Содржината продолжува под рекламата
Од ноќеска на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 80,50 денари за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 72,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 ден/кг и сега ќе изнесува 44,060 ден/кг.
Можеби ќе ве интересира:
- Трети места и големо искуство, Борец Баскет ја гради иднината во Сараево
- Спортот во Велес – на најниската гранка, меѓу надежта и апатијата
- Кражба од викенд куќа во Велес
- Грчкиот премин Евзони ќе биде затворен од 17 до 21 часот, земјоделците најавуваат блокади
- Велешката кошаркарска школа блеска во Сараево, Борец Баскет со одличен старт




































