Фотографски натпревар „Вики ги сака спомениците 2026“ на Википедија

Википедија на македонски јазик и здружението Викимедија МКД го организираат фотографскиот натпревар насловен „Вики ги сака спомениците 2026“. Се работи за натпревар за фотографирање градби (куќи, манастири, цркви, џамии, археолошки наоѓалишта, споменици, јавни и општествени градби, и останати места) кои се заведени како културно наследство на Македонија.

Zito baner

Право на учество имаат сите што ќе регистрираат (бесплатна) корисничка сметка на Википедија на македонски јазик или на Заедничка Ризница (Wikimedia Commons). Натпреварот се одржува од 1 септември до 30 септември 2026 година. Сликите откако ќе бидат закачени од самите учесници, тие потоа ќе бидат искористени на статии на Википедија, на останатите проекти на Викимедија, како и на други слободни проекти.

Agria

Целта на натпреварот е обезбедување слободни фотографии на спомениците и заштитените објекти, односно културното наследство во Македонија. Пради тоа, фотографиите мора да
бидат од Списокот на градбите прогласени за споменици на културата, односно заштитени објекти.

Фотографскиот натпревар предвидува четири награди од страна на стручно жири, а вредносните ваучери се обезбедени од Pix+. Наградите се во вид на ваучери во износ од 400, 300, 200 и 100 евра. Повеќе детали за правилата на учество, видео-упатство за прикачување слики, пријавување, списокот на градбите прогласени за споменици на културата кои може да ги сликате, како и информации за останатите активности во рамки на натпреварот погледнете на следната врска.

Натпреварот во меѓународни рамки прв пат бил организиран во 2010 година од страна на Википедија на холандски јазик, додека на Википедија на македонски јазик се одржува по четврти пат по изданијата во 2014, 2015 и 2021 година.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: