
Фудбалерките на Борец брзо се рехабилитираа од минатонеделниот пораз од Тиверија. На снежниот терен во Битола по крајно неповолни услови за игра тие ја совладаа домашната екипа на Атлетико со резултат од 1:2.
Јунак на натпреварот беше Ангелина Босилкова која што два пати ја погоди мрежата на домаќините. Единствениот гол за домашната екипа го постигна Кристина Вељановска.
Веќе во среда се игра ново коло од Првата женска фудбалска лига. На стадионот Зоран Паунов ќе гостува лидерот на табелата Каменица Саса. Батали.нет ќе врши директен пренос од натпреварот кој започнува во 12 часот.
Можеби ќе ве интересира:
