Инфлацијата не запира, транспортот поскапе за 11%, трошоците за живот повисоки за речиси 5% за разлика од лани

market

Трошоците за живот во Македонија продолжуваат да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во мај годинава индексот на трошоците на живот е зголемен за 4,8 проценти во споредба со истиот месец лани, додека цените на мало бележат пораст од 5,6 проценти.

Zito baner

Според статистичките податоци, инфлацијата во мај во однос на април изнесува 0,6 проценти, што значи дека ценовниот раст продолжува и на месечно ниво.

Agria

Најголемото годишно поскапување е регистрирано во секторот транспорт, каде цените се повисоки за 11 проценти. Значителен раст има и кај алкохолните пијалаци и тутунот, кои се поскапи за 9,3 проценти.

Зголемување на трошоците е забележано и во областа на рекреацијата, спортот и културата, информациите и комуникациите, како и кај рестораните и услугите за сместување. Помал раст е евидентиран кај здравствената заштита и трошоците за домување, вода, електрична енергија, гас и други горива.

Од друга страна, намалување на трошоците има кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги, како и кај покуќнината и опремата за домаќинствата. Кај образованието, осигурувањето и финансиските услуги нема промени во цените.

Податоците покажуваат дека цените на мало во мај се зголемени за 0,8 проценти во однос на април, што дополнително го зголемува притисокот врз домашните буџети и ја намалува куповната моќ на граѓаните.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: