Инфлацијата забавува, трошоците за живот во јули повисоки за 2,3 проценти

market TUS

Трошоците за живот во јули годинава се зголемиле за 2,3 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем раст има кај ставката „Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици“, каде трошоците се зголемиле за 9,5 проценти. Значително зголемување е регистрирано и кај „Рекреација, спорт и услуги“ од 5,7 проценти, како и кај „Ресторани и услуги за сместување“ од 4,4 проценти.

Zito baner

Трошоците за храна и безалкохолни пијалаци се зголемиле за 1,1 процент, додека најмало зголемување од 1,1 процент е забележано и кај транспортот. Намалување на трошоците нема кај ниту една од набљудуваните ставки.

Agria

Сепак, податоците покажуваат забавување на инфлацијата на месечно ниво. Во јули во однос на јуни, трошоците за живот се зголемиле за само 0,1 процент. Кај храната, пак, е забележано намалување на трошоците од 1,1 процент. Најголемо месечно зголемување има кај транспортот, од 4,4 проценти. И покрај тоа, според податоците, растот на цените на горивата не предизвикал позначително зголемување на останатите цени.

Цените на мало во јули биле повисоки за 1,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Кај земјоделските производи, пак, е забележано намалување на цените од 4 проценти, додека цените на прехранбените производи се намалиле за 0,2 проценти. Најголем годишен раст на цените е регистриран кај непрехранбените производи и тутунот – 4,6 проценти.

На месечно ниво, вкупните цени се зголемиле за 1,3 проценти. Цените на земјоделските производи се намалиле за 3,1 процент, на прехранбените производи за 1,1 процент, а на непрехранбените производи за 0,7 проценти. Единствена категорија во која е регистриран месечен раст се услугите, со зголемување на цените од 4,2 проценти.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: