Ќе нема возови кон Велес, Битола и Гевгелија од 22 јуни до 1 јули поради градежни работи на пругата

Voz na stanica

Патниците кои секојдневно ги користат железничките линии кон Велес, Битола и Гевгелија од 22 јуни до 1 јули ќе мора да бараат алтернативен превоз, бидејќи во овој период ќе бидат укинати повеќе патнички возови низ државата.

Zito baner

Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура соопштија дека прекинот во железничкиот сообраќај е поради изведување на завршните градежни работи на делницата Скопје – Зелениково, кои се дел од проектот „Градски воз“.

Agria

Од претпријатието велат дека работите се неопходни за реализација на проектот и апелираат до граѓаните навреме да ги планираат своите патувања и да ги земат предвид измените во возниот ред додека траат активностите на железничката инфраструктура.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: