Новата сезона во Првата македонска футсал лига започнува на 10 и 11 октомври, а меѓу екипите кои повторно ќе бидат во центарот на вниманието е велешкиот претставник КМФ Кеги Моби.
Велешани во минатата сезона стигнаа до самиот врв и ја завршија сезоната како вицешампиони, веднаш зад КМФ Проект, кој ја освои шампионската титула. Со тоа Кеги Моби потврдија дека се дел од самиот врв на македонскиот футсал.
Првото коло во елитното натпреварување носи неколку интересни дуели. Ќе се сретнат КМФ Бутел – КМФ Железарец, КМФ Клими – КМФ СЕЕ Универзитети, КМФ Проект – КМФ Јувентус Серава, КМФ Форца 2015 – КМФ Шкупи и КМФ Кеги Моби – КМФ Осогово.
За разлика од Првата лига, второлигашката конкуренција ќе стартува една недела подоцна, односно на 17 и 18 октомври.























