(ФОТО) Полициски марш за тимски дух и зајакнување на врската со заедницата во Велес

Околу 200 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес денеска (25 април) учествуваа на марш во должина од 11 километри, организиран во рамки на активностите што Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи ги спроведува за унапредување на тимскиот дух, физичкото и менталното здравје на полициските службеници.

Zito akcija 640x289px

Маршот се одвиваше по однапред определена рута од селото Еловец до манастирот „Свети Илија“ во близина на селото Лисиче. Преку заедничкото пешачење, учесниците ја симболизираа и врската меѓу полицијата и заедницата на која секојдневно ѝ служат.

Agria

На настанот присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, како и раководството на СВР Велес.

Целта на ваквите активности е поттикнување на социјалната кохезија меѓу полициските службеници, зајакнување на тимската доверба и поддршка, како и нагласување на важноста од здрав животен стил и редовна физичка активност, што се сметаат за клучни фактори за успешно и квалитетно извршување на полициската служба.

Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, најавува дека вакви маршеви и слични активности ќе продолжат да се организираат на територијата на сите сектори за внатрешни работи низ државата, со цел инвестирање во здравјето, добросостојбата и тимскиот дух на полициските службеници, што претставува директна инвестиција во безбедноста на сите граѓани.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: