(ФОТОГРАФИИ) Денеска се навршуваат 143 години од неговото раѓање: Неговиот гроб е пронајден, но никој не успеа да го врати во родниот Велес

Panko naslovna

На денешен ден, 9 август, пред 143 години во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски општественик и политички деец, кој оставил значаен белег во македонската историја.

Zito baner

Брашнаров е роден во Велес во 1883 година, а во текот на својот живот бил активен во политичкиот и општествениот живот и учествувал во повеќе значајни историски настани поврзани со македонското национално и политичко движење.

Agria

Во историските записи е забележан и како учесник во АСНОМ во 1944 година, каде што бил најстариот делегат и го отворил првото заседание со свечен говор.

Неговиот животен пат завршил во 1951 година на Голи Оток, каде што бил испратен по политичкиот судир со тогашното југословенско раководство.

Панко Брашнаров останува една од историските личности поврзани со Велес, а неговото име и денес се споменува во контекст на политичките и историските процеси низ кои поминувала Македонија во првата половина на XX век.

Во септември 2011 година, новинарска екипа на емисијата КОД, составена од новинарите Владимир Тевчев и Александар Кукулев и снимателот Данчо Стефков успеа да го пронајде гробот на Панко Брашнаров. Закопан е на градските гробишта Мирогој во Загреб. Неговите посмртни остатоци доживеале две есхумации. Во 1953, две години по неговата смрт на Голи оток, тој е погребан на загребските гробишта. Во 1971 година е есхумиран во заедничка гробница, во близина на првото гробно место, а во почетокот на осумдесеттите, неговите коски, заедно со коските на уште неколкумина негови современици се преместени на необележана гробна парцела, на крајот на гробиштата.

По објавувањето на телевизиската сторија, државата најави враќање на посмртните остатоци на Панко Брашнаров во Македонија. Сепак и петнаесет години по пронаоѓањето на гробот, нема ниту иницијативна за неговото враќање во родниот Велес.  Во продолжение, погледнете како изгледаше пронаоѓањето на гробот на Панко Брашнаров.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: